[...] книга напишана од поетски виртуоз, [кој...] гради и еден ироничен однос кон плитката сентименталност и плачната квази-конфесионалност. Како резултат на тоа, читателот, иако длабоко трогнат и често растревожен, останува благо насмеан [...] Токму во тоа се состои парадоксот или „привидот на едноставноста“, на која, всушност, често се навраќа и нашиот голем модерен поет Блаже Конески. Иако постмодерна, таква е и поезијата на Магдалена Хорват: питка, лелеава како свила, како бистар поток, како пролетен развигор - но само навидум. (З. А.)Синкаво во Љубаништа - РЕМИКС
Зад приколката имам градина во која бегамкога од светов ми е доста.
Кога немам работа, тивко седам, заземајќи
што е можно помалку место,
и читам често.
Природата се буди со роса оросена,
и мириса на трева искосена.
Секако дека имам и јорган, оти ова е планина,
а планината е полна ветер, од кој јорганот ме штити додека читам.
Ѕид ѕидосано, вар варосано,
под јорганов е толку топло.
Градината е празна, освен мене, не ќе видиш никој.
Но полна е стихови што во глава си ги преведувам;
стиховите ми довикуваат,
а јас, дека ги разбирам, се убедувам.
Нестрпливо ја вртам секоја страница, се мислам
дал на лево, дал на десно. Ах, пак избор. Мислиш е лесно?
И одвреме навреме погледнувам
во сликата на крајот од книгата;
не за да се сетам кој ја напишал,
туку чисто онака, колку да видам
познато лице, пријателски очи.
Мојот наставник по математика, Пејчев, еднаш рече,
Очите се огледало на секоја душа -
и бил во право, затоа што во очите твои
видов едно пријателско здраво.
Надвор е студено и влажно,
но не е важно!
Во рака држам стихови за читање лесни,
уживам во Синкаво и други песни. (Д. С.)
:о)

