Мене мачка ме чувала, може затоа...


(Image source)

      Магдалена Хорват
      Постојнска јама


      О-гром-на. Огромна и вештачки осветлена.
      Впериле рефлектори во минералните завеси,
      во сталагмитите што личат на кокошки;
      студи и влажно е, а рипчињата не ги видовме.

      Но, тебе те гледам и овде и секаде: рипката
      моја човечка, која како и вистинската умее
      да преживее и 5 години, а ништо да не јаде.
      Живеат тие до 100, рече туристичкиот водич,

      небаре да ме утеши. Ги замислив како пливаат
      гладни; наместо перки – рачиња со прстиња
      како на бели бебиња. Како бебе, гувернантата
      Англичанка за малку ќе те удавела; ми велиш

      може таа траума за сè е виновна. Мене мачка
      ме чувала, може затоа сум олку отпорна. На
      сè, освен на лондонската влага што ме гризе
      пикната дури и во подземјето на Словенија.


Од „Синкаво и други песни“ (Македонска реч, 2010).